20:30 - 10 јануари, 2026

Од играчка плачка: 10-годишниот син на Бен Афлек со ламборџинито удрил во паркиран автомобил

Актерот Бен Афлек, неговата свршеница Џенифер Лопез и 10-годишниот син на Афлек, Семјуел, кој го има од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, се снимени во неделата на улица во Лос Анџелес. Тие се најдоа во центарот на вниманието поради инцидентот што го направи момчето.

Додека седеле во жолтиот луксузен автомобил „ламборџини“, Афлек решил на својот наследник да му овозможи малку забава.

Семјуел седнал на возачкото седиште и се обидел да го вози автомобилот, а фоторепортерите снимија како набрзо удира во автомобил паркиран зад него.

Во тој момент од автомобилот излегле Лопез, Семјуел и Афлек. Полицијата набрзо дошла на местото на настанот за да направи записник. Исплашеното момче цврсто го прегрнувало својот татко давајќи му до знаење дека му е жал поради тоа што го направил.

Портпаролите на познатиот актер открија дека во овој немил настан нема поголема материјална штета на автомобилите ниту жртви.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.
Се вчитува....