17.8 C
Скопје
16:31 - 18 октомври, 2026

Објавени се симптомите кои можат да се јават по примање на руската вакцина „Спутник V”

EPA EFE

Жителите на Москва, кои веќе почнаа да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, добиваат потврда за вакцинирање и упатство за пациентите со список на симптомите кои можат да се појават после вакцинацијата, со совети како да се постапи во такви случаи.

Во упатството се наведува дека секој десетти човек, вакциниран со вакцината „Спутник V“ може да почуствува слабост или мачнина.

Во повеќето случаи, вакцинацијата добро се поднесува, а ако се јави физичка слабост, нема причина за загриженост – тоа е нормална индивидуална реакција на организмот и еден од знаците за формирање на имунитет, пишува „Спутник“.

Оние кај кои веднаш после вакцинирање се јавува слабост, замор или мачнина се советуваат да ја намалат физичката активност и повеќе да одмораат.

Во упатството се истакнува дека кај 5,7 од вакцинираните може да се јави болка во коските, треска, главоболка или температура повиска од 37 степени.

„Во случај телесната температура да е над 38 степени се препорачува земање на таблети за спуштање на температура и против болки (парацетамол или ибупрофен), а доколку температурата е над 39 степени и не се спушта во рок од четири часа по земање на лековите, неопходно е да се јавите на доктор“, се додава во упатството.

Кај 4.7 отсто од вакцинираните се јавува болка, оток и црвенило на местото на вакцинирање.

По правило лекување не е потребно, но може да се земе лек против алергија за да се намали отокот и чувството на непријатност.
Еден и пол отсто од вакцинираните може да имаат затнат нос или чувство на гребење во грлото и на нив им се советува да пијат многу течности и да користат спреј за нос. Кај помалку од еден отсто од пациентите може да дојде до забрзување на пулсот или покачен притисок.

Вакцината „Спутник V“ која ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....