6.8 C
Скопје
06:04 - 31 март, 2026

Обезбедувањето на Бритни Спирс откри страшни детали: Џејсон имал нож и одел кон нејзината спална соба

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер илегално упаднал на нејзиниот имот пред венчавката, а го измамил обезбедувањето со изговор дека пејачката го повикала.

Целиот упад Џејсон го снимил на Инстаграм, а додека ја барал пејачката успеал да стигне до нејзината спална соба каде што таа се подготвувала и која за среќа била заклучена.

Обезбедувањето на Бритни се обидело да го исфрли и повикало полиција, а само неколку дена подоцна сите до еден добиле отказ.

На Џејсон му е одреден притвор со кауција од 100.000 долари во очекување на судењето, а сега еден од членовите на обезбедувањето, кој ќе се појави како сведок, откри што се случило.

„Имаше нож со себе и стигна до нејзината спална соба“, рече тој.

Отпуштениот член на обезбедувањето рекол и дека Џејсон „се прикрадол на имотот“ и дека тој и неговите колеги успеале да го задржат до доаѓањето на полицијата која го уапсила.

Александер се изјасни дека е невин за прогонување и вандализам како и за упад на имот, додека друг сведок, детектив од канцеларијата на шерифот на округот Вентура, рекол дека „Александар се однесувал морничаво по апсењето“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....