Резонантната магнетофореза претставува нова, неинвазивна метода што користи специјален апарат – генератор на магнетно поле со екстремно ниски фреквенции (ELF, <100 Hz) и низок интензитет (<100 Гаус). Ова магнетно поле ја зголемува пропустливоста на клеточната мембрана, овозможувајќи подобра апсорпција на активните супстанции.
Со помош на овој иновативен пристап и специјализираниот уред за магнетофореза, се овозможува локално внесување прочистен колаген во длабочина до 3 сантиметри под кожата. Притоа, целосно се избегнува инвазивниот начин на апликација со игли.
Апаратот GUNAPHORESIS (GPH) овозможува апсорпција на колаген до 99%. За разлика од инвазивните методи, каде што се потребни повеќекратни убоди (до 8 пати во една сесија), со оваа техника истата количина колаген се внесува за само 15 минути, со продор до длабоките ткива и зглобови.
За што помага оваа терапија?
Болки во зглобови и мускули, дископатија, артритис, спортски повреди, исчашувања, невролошки заболувања, рехабилитација по мускулно-скелетни повреди, постоперативна рехабилитација, козметички дефекти, лузни, изгореници.
Предности
• Се аплицира директно на засегнатата област
• Висока апсорпција на колаген во зглобови и мускули
• Нема топлински ефект – безбеден и при присуство на метални импланти и ендопротези
• Не го нарушува интегритетот на кожата (без електрична струја)
• Безболна и пријатна процедура, без ризик од изгореници
• Хипоалергена – не предизвикува алергиски реакции
• Може да се комбинира со други лекови и физиотерапевтски техники
• Безбедна за спортисти – не влијае на допинг тестови
Контраиндикации
• бременост
• отворени рани
• присуство на малигни заболувања
Kолку третмани се потребни?
Оптималниот третман вклучува 10 процедури, кои се изведуваат секојдневно во тек на 10 дена. Потоа се препорачуваат одржувачки третмани еднаш месечно или 5-10 процедури еднаш годишно, во зависност од состојбата.
Ефектите може да се забележат уште по третиот третман, а во некои случаи и по првиот. Терапијата дополнително го стимулира природното создавање колаген, што значи дека резултатите продолжуваат и по завршување на третманот.
Кај болни состојби, намалување на болката најчесто се јавува помеѓу првата и третата сесија.
Времетраење и удобност
Третманот трае 15-20 минути по регија и е доволно краток за да се изведе дури и за време на пауза. По процедурата нема црвенило или оток, а пациентот може веднаш да продолжи со секојдневните активности.
Цена за една терапија (со два типа колаген) изнесува 3.000 денари за една регија.
Резонантната магнетофореза со GUNAPHORESIS е современ и ефикасен избор за третман на остеоартритис, повреди на мускули, тетиви и фасции, болки во ’рбетот, спортски повреди, како и во естетската медицина.
За повеќе информации и закажување, контактирајте го нашиот контакт центар на: 02/3091-484

Блаже Арсов
Дипломиран физиотерапевт
Специјалист за рехабилитација при трауматологија, хирургија и ортопедија
