7.8 C
Скопје
10:25 - 1 април, 2026

Новогодишен Промо депозит од Халкбанк со камати до 3,3%

Во пресрет на предновогодишната еуфорија кога сите се подготвуваме за дочекот на Новата година, покрај трошоците што ги правиме за славење и набавка на подароци за најблиските, потребно е да размислуваме и за целите кои што планираме да ги исполниме и плановите што сакаме да ги реализираме во текот на 2023та година.

Тогаш, зошто да не почнеме од креирање на финансиски план и правење планови за штедење и остварување на дополнителен приход?

Халкбанк АД Скопје согласно своето мото – Важни се луѓето, токму во последните денови од годината, кога се носат резолуции за следната, го креираше Новогодишниот ПРОМО депозит што нуди штедење во денари или евра со каматни стапки до 3,3% за штедење во денари и 2,20% за штедење во евра на рок од 36 месеци.

Каматната стапка на Новогодишниот ПРОМО депозит, за штедни влогови во денари, орочени на 13 месеци изнесува 2,5%, односно 1,30 отсто за штедење во евра. За орочување на период од 25 месеци каматната стапка е 3% за денарско штедење, односно 1,8% за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра.

Исплатата на каматата, зависно од договорот, може да биде месечна или на крај на периодот на доспевање.

Кај овој производ не е предвидена можноста за делумно повлекување на средства ниту можност за дополнителни уплати пред истекот на периодот на орочување.
Создадете нови навики и искористете ја понудата за Новогодишниот Промо депозит која важи до 20.01.2023 година.

Комерцијален текст.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....