7.8 C
Скопје
19:45 - 10 март, 2026

НОВИТЕ ДЕТАЛИ ЌЕ ВЕ ШОКИРААТ: Целосно променет извештајот за убиството на Фахризадех

Агенцијата Фарс ги објави најновите информации за убиството на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризадех кои дошле од непознат извор.

Според тие информации, иранскиот научник е убиен во заседа, со митралез на далечински управувач на растојание од 150 метри, што е спротивно на претходните извештаи за вооружен напад на непознати луѓе

Агенцијата Фарс објави информација што доаѓа од непознат извор, во која се наведува дека главното безбедносно возило ја напуштило придружбата со цел да се подготви за пристигнувањето на Фахризаде во Абсард, кој е оддалечен 70 километри од Техеран.

Фото: EPA-EFE/IRIB HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Тогаш, како што наведува агенцијата, било пукано во автомобилот во кој биле Фахризадех и неговата сопруга. Научникот излегол од возилото, бидејќи мислеле дека се работи за сообраќајна несреќа или дека нешто не е во ред со моторот на возилото, пренесува Јутарњи лист.

Митралезот на далечинско управување кој бил насочен кон автомобилот „нисан“ кој се наоѓал на 150 метри далечина, пукал кон научникот и притоа го усмртил.

Телохранителот кој го чувал Фахризадех е погоден неколку пати, а потоа автомобилот експлодирал.

Агенцијата наведува дека неидентификуваниот сопственик на автомобилот ја напуштил земјата.

Меѓутоа, она што го привлекува вниманието е дека информациите на медиумските агенции се контрадикторни со претходните извештаи.

Мохамед Ахваз, иранскиот новинар кој живее во Лондон, соопшти дека нападот го извела група добро обучени оперативци, кои имале логистичка поддршка од тим од 50 луѓе кои се инфилтрирале во иранските безбедносни служби и исклучиле струја во подрачјето каде бил извршен нападот за да биде спречен брз одговор.

Ахваз се повикува на информации кои излегле од иранските владини службеници и елитната Револуционерна гарда, вклучувајќи информации според кои напаѓачите точно знаеле каде ќе се наоѓа Фахризадех.

Фото: EPA-EFE/IRIB HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Напаѓачите ги пресретнале со автомобил „хјундаи санта фе“ и четири мотоцикли. Откако прошол автомобилот пред возилото во кое бил научникот, напаѓачите го дигнале во воздух автомобилот „нисан“ за да го блокираат возилото позади него. Потоа отвориле оган на автомобилот на Фахризадех и возилото пред него.

Највисоките ирански функционери го обвинија Израел дека стои зад убиствата, бидејќи еврејската држава го обвини Фахризадех за водење на програмата на нуклеарно наоружување. Израел се уште нема коментар за иранските обвинувања.

Текстот е преземен од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....