08:11 - 11 април, 2026

Новинарката Лејла Кашиќ извојува победа, Рамбо Амадеус е осуден за сексуално вознемирување

Рамбо Амадеус, е осуден за сексуално вознемирување на новинарката и продуцентка на емисијата „Дневница“ на Радио-телевизија на Црна Гора, Лејла Кашиќ.

Кашиќ го обвини дека непримерно ја допирал, а потоа ѝ викал, за време на снимањето на емисијата во која тој гостувал, во март годинава.

Тој ја призна вината и е осуден за прекршување на Законот за јавен ред и мир, а неговото однесување се смета за особено дрско, бесрамно и навредливо, пренесе „Б92“. Се очекува да биде објавена и казната.

„Горда сум, затоа што ова не беше само за одбрана на мојата чест и интегритет, туку и за секој од нас, вклучително и секој човек што поминал низ нешто слично и полошо, а таа или тој молчеле. Нашата тишина им дава одобрение на луѓето склони кон манично и насилничко однесување. Одобрувањето дава храброст. Храброста дава незапирливост. Ова не е мала или голема победа само за мене. Но за секој од нас кој утре ќе се осмели да пријави какво било насилство. И оној што го обесхрабрува да го стори истото. Кога витештвото, храброста и хероизмот ќе се замолчат и здравата мажественост ќе се удави во мизогинија и дупки во системот, ние сме тие кои не смееме да дозволиме да бидеме изманипулирани и замолчувани. Не смееме да страдаме. За доброто на сите оние кои беа изладени од машка рака која, да имаше правда, можеше да се спречи. За доброто на сите оние кои ги инспирираме со нашиот пример“, напиша Лејла на социјалните мрежи.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....