6.8 C
Скопје
02:34 - 31 март, 2026

Нови детали за врската на Џони Деп со Русинката: „Не сакаат етикети на дечко и девојка“

Две години по скандалозниот развод од Амбер Херд, актерот почна да излегува со 33 години помлада девојка. Власова живее во Прага, а по потекло е од Русија.

61-годишниот холивудски актер почна да се забавува со 28-годишната Русинка Јулија Власова, која работи како модел. Според извори за „Пипл“, парот ја одржува својата врска „неформална“ и не сакаат да „им се лепат етикети“ на „дечко“ и „девојка“.

„Тие се гледаат повремено“, вели изворот.

На социјалните мрежи Русинката ги замолила своите пријатели да не кажуваат ништо за нејзиниот личен живот на медиумите: „Пријатели, ве замолувам да се воздржите од било какви изјави за новинарите што се однесуваат на мене и на мојот личен живот, и ве молам за разбирање и почитување на мојата приватност“.

Познато е дека убавицата Власова живее во Прага, каде што поседува студио за шминка и фризура и каде првпат ја запознала ѕвездата на Пиратите од Карибите на 55-от Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари во август 2021 година.

Новата девојка на Џони Деп доаѓа од предградијата на Екатеринбург. Студирала на Институтот за меѓународни односи во Москва, а потоа се преселила во Чешка.

Во 2022 година, актерот имаше скандалозен развод со колешката-актерка Амбер Херд, која го обвини за семејно насилство, но судот потоа го ослободи од обвинувања Деп.

принтксрин

Претходно, Деп беше во врски со Кејт Мос, Џенифер Греј, Винона Рајдер и Ванеса Паради. Ванеса му роди две деца – ќерката Лили-Роуз и синот Џек.

Мајката на Шенен Доерти ја прекина тишината, за првпат по смртта на нејзината ќерка: Невозможно е да се прочита без солзи

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....