05:00 - 3 април, 2026

Нов скандал на Хари и Меган Маркл: Откриено „скривалиштето на Хари“ кадешто бега кога се кара со жена му

Принцот Хари и Меган Маркл се чини дека предизвикуваат наслови во таблоидите каде и да одат. Минатата недела, двојката се вплетка во нова контроверзност кога драматизираа околку „потера“ од страна на папараци, кои патем сами ги испровоцирале за да ги фотографираат, а потоа целиот инцидент го споредија со потерата на папарацит непосредно пред смртта на принцезата Дајана. Полицијата негираше дека станувало збор за билокаква опасност.

Сега пак, англиските и американските таблоиди се полни со нови наслови (и текстови) во кои се тврди дека Хари има посебен „дом далеку од дома“, каде што може да се изолира од Меган и нивните две мали деца.

Според британскиот весник „Сан“ собата за бегство на Хари се наоѓа во бунгаловите Сан Висенте, многу ексклузивно одморалиште во Западен Холивуд.

Годишната членарина за Сан Висенте надминува 4.000 долари, а гостите не смеат да фотографираат во одморалиштето. Всушност, правилата велат дека секоја телефонска камера мора да биде покриена додека сте во комплексот.

Се тврди дека тука Хари (38) понекогаш останува одделен од сопругата Меган (41) и децата Арчи (4) и Лилибет (1) за да се одмори, но дека токму тука и „бега“ кога е во конфликт со Меган.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....