5.8 C
Скопје
07:26 - 1 април, 2026

Николина Пишек води тешка битка: Останав во долгови, меѓу две земји и 53 различни шалтери

Водителката Николина Пишек отворено проговори за проблемите во кои се најде по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, признавајќи дека и четири години подоцна сè уште се обидува да реши бројни правни и финансиски проблеми.

Во емисијата на MagNet, Николина разговараше за разликата во финансиската писменост помеѓу мажите и жените со професорот по математика и финансиски влогер Тони Милун.

– Многу жени ги изедначуваат љубовта, бракот и финансиите. Го ставаат сето тоа во ист кош и често не знаат кој всушност го вози бродот во кој и тие пловат. Нешто слично ми се случи и мене – призна Николина, пишува Story.

На прашањето на Милун дали со тоа мисли дека финансиите му ги препуштила на сопругот, водителката искрено одговори:

– Точно така. Јас сум класичен пример. Се најдов вдовица, со сите кредити, без документи, без решени ситуации, без наследство… Четири години подоцна, сè уште сум помеѓу две земји, два системи и 53 различни шалтери – рече Николина Пишек.

По смртта на Видоје Ристовиќ, неговиот татко Виктор Ристовиќ изјави дека целиот имот му е запишан на него и дека не планирал ништо да дели со Николина. Водителката и нејзиниот покоен сопруг купија луксузна вила во загрепската населба Шестине, но ненадејната трагедија ги промени сите планови.

– Сакав да ја продадам бидејќи во еден момент беше преголема за мене – не во квадратура, туку емотивно. Носеше премногу спомени што во тој момент беа болни. Потоа сфатив дека не е работата во куќата, туку во мене. Наместо да ја продадам, решив да ја „излекувам“ – да ја довршам, да ја издигнам, да внесам бои и нов живот – изјави Николина за Индекс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....