19.8 C
Скопје
06:38 - 22 август, 2026

Незапирливиот Пике: Фудбалерот ја изневерува и новата партнерка со својата млада адвокатка

Шпанскиот новинар Жорди Мартин преку социјалните мрежи откри дека бившиот партнер на Шакира, протагонистот на „розовите“ хроники во последните неколку месеци, веќе има нова врска – со адвокатката која се грижи за разделбата меѓу фудбалерот и пејачката.

По многубројните мемиња и подбивливи коментари на социјалните мрежи за крајот на врската меѓу Шакира и Пике и потоа, за „одмазничката“ песна, „Музичка сесија #53“, од Шакира; по шегите за Твинго и Ферари, Ролекс и Касио; следува епизода од сапунската опера: изгледа дека поранешниот фудбалер веќе ја изневерил и својата нова партнерка Клара Чиа Марти со адвокатката која се занимава со неговата разделба од колумбиската пејачка.

Новата протагонистка на сентименталната приказна е Јулија Пуиг Гали (братучетка на фудбалерот Рики Пуиг, поранешен соиграч на Пике во Барселона), 25-годишна адвокатка со диплома по право и магистер по економско кривично право.

Веста ја откри на социјалните мрежи, шпанскиот фотограф и новинар Жорди Мартин.

Веста ги разгорува озборувањата, но тоа не е чудно бидејќи шпанскиот печат наголемо зборува за тоа дека неверниот Пике не знае да се скраси, и за неговото присуство на забави во најексклузивните приватни клубови во Барселона заедно со убави жени, дури и за време на разделбата од Шакира, односно додека бил (или се уште е) во врска со Клара Чиа.

Шпанските медиуми пишуваат дека Клара Марти веќе ја напуштила куќата во која живеела со спортистот (избор кој се заснова на алузиите во песната на Шакира на обидот на Пике да ја врати назад пејачката) а таблоидниот магазин Socialité откри дека Жерард и адвокатката се забавувале уште пред три години и биле видени заедно за време вечерите кои фудбалерот ги поминувал токму во приватните клубови. „Сите знаеме што се случило таму“, пишува „Социалите“ кој раскажува дека Жерард, откако ја избрал Јулија за адвокатка за разделбата од Шакира, продолжил да се гледа со неа дури и приватно, иако веќе бил заедно со Клара, која сега изгледа ставила крај на нивната приказна, која сè уште беше во зародиш.

 

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....