10.8 C
Скопје
22:13 - 3 април, 2026

Нетфликс со најава за новата сезона на „The Crown“: Сличноста на Дебики со Дијана е „нереална“ и „малку морничава“

Петтата сезона од хит серијата на Нетфликс треба да започне да се прикажува на 9 ноември.

Во најавата за следната сезона во улогата на Дијана може да се види 32-годишната австралиска актерка ЕлизабетДебики.

На една фотографија, Дебики ја отелотворува скромната Дијана во светкав син фустан со букет цвеќе во рацете, впечатлив приказ на фустанот што принцезата го носеше на свеченоста за собирање средства во галеријата „Серпентин“ во 1995 година, организирана од страна на магазинот „Vanity Fair“.

Дебики ја замени Ема Корин во улогата на Дијана, додека ѕвездата од „The Wire“ Доминик Вест ја презеде улогата на Чарлс од Џош О’Конор.

На друга фотографија Дебики ја претставува покојната принцеза на еден мал брод, заедно со Чарлс и младите Вилијам и Хари. Актерите Теди Холеј и Вил Пауел го толкуваат ликот на принцот Хари во 90-тите, додека Тимоти Самбор и Шон Вест ја играат улогата на принцот Вилијам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ET Canada (@etcanada)

Гледачите на серијата на социјалните мрежи коментираа дека изборот на актери е многу добар и дека Дебики одлично се покажала во улогата Дијана, но и дека сличноста на актерката со покојната принцеза на фотографиите е „нереална“ и „малку морничава“.

Исто така, Нетфликс откри и како ќе изгледаат кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип во новите епизоди на серијата „The Crown“, пренесува Кликс.

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....