19.8 C
Скопје
15:51 - 25 март, 2026

Непосредно пред смртта Џејмс Кан завршил снимање на филм со Пирс Броснан, филмот ќе го гледаме догодина, еве ги деталите

Смртта на големиот глумец Џејмс Кан разбуди меланхолија, но во целата темнина една добра вест – тој штотуку го завршил снимањето на филмот со Пирс Броснан. 

Светот на кинематографијата и фановите сè уште тагуваат за смртта на 82 годишниот глумец Џејмс Кан, легендарниот Сони од Кум, но Кан бил активен до последен ден, па така ќе го видиме повторно на филмското платно во последниот филм кој штотуку завршил со снимање, а во кој глуми заедно со Пирс Броснан. За што се работи?

Непосредно пред смртта Кан го завршил снимањето на филмот „ Fast Charlie“ (Брзот Чарли), акционен трилер со Пирс Броснан во главната улога и режиран од ветеранот на жанрот, Филип Нојс.

Заснован на романот Gun Monkeys од Виктор Гишлер, филмот ја раскажува приказната за Чарли Свифт (Броснан), атентатор и голем пријател на шефот Стен (Кан): кога ривалскиот шеф го елиминира Стен и сите негови потчинети освен него, Чарли останува да ја спроведе правдата на свој начин, планирајќи одмазда која нема да остави никого жив во непријателските редови.

Брзиот Чарли, кој ја вклучува и Морена Бакарин во актерската екипа, беше адаптиран за големото платно од Ричард Венк, а филмот ќе излезе на почетокот на 2023 година.

Но пред да умре, Кан се согласил да се појави и во две независни драми, Acre Beyond the Rye и Redemption, кои сè уште не се во продукција.

Слични објави

„Ана Николиќ е навистина напорна“ – Познатиот дизајнер за драмата со пејачката: „Веднаш ја блокирам“

Еспресо

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Еспресо

(Фото) Во шорцеви на настап: Маја Панчева никогаш не изгледала подобро

msp-admin

Итно хоспитализиран Мирослав Илиќ: Пејачот примен во Ургентниот центар

Еспресо

(Фото) Летување во камп во 1990-тите: Носталгичен спомен на Миа Костова

Еспресо

Ана Николиќ се врати во својот стан, соседите се очајни: „Спиевме мирно додека таа беше во хотел“

Еспресо
Се вчитува....