5.8 C
Скопје
02:50 - 1 април, 2026

Нема самба во февруари под притисок на ковид-19: Карневалот во Рио се поместува за јули 2021 година

Светски познатиот карневал во Рио де Жанеиро ќе се одржи во јули во 2021 година, соопштија градските школи за самба, бидејќи традиционалните поворки во февруари се одложени поради пандемијата на ковид-19.

Меѓутоа и новиот терминм истовремено, ќе зависи од расположливоста на вакцината и од владината одлука за прогласување на неработни денови во јули на национално ниво, наведува Лиеса, главното Здружение на школи за самба, која го организира карневалот.

– Школите за самба одлучија дека карневалот ќе се одржи во јули. ако дотогаш има вакцина и ако се прогласат неработни денови, изјави портпаролот на Лиеса, Винсенте Датоли за АП.

Карневалот традиционално се одржува во февруари или во март

Карневалот кој на улиците вади разиграно мнозинство на луѓе не само во Рио де Жанеиро, туку и низ Бразил, традиционално се одржува секој февруари или март.

Настанот секоја година привлекува безброј туристи, а секое школо е застапено со преку 3.000 изведувачи во специјално дизајнирани костими кои со близок контакт играат и пеат долж Самбодромот.

Со 166.000 починати од ковид-19, Бразил е на второто место во светот, по САД, и на земјата и се заканува втор бран на пандемијата.

Поради ковид-19, веќе е откажан традиционалниот новогодишен огномет на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро која привлекува над милиони посетители.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....