05:23 - 26 март, 2026

(Фото) „Нема да одиш на Острог дури Св. Василиј не те повика“ – Лила Филиповска го посети манастирот во Црна Гора

Водителката Лила Филиповска го посети манастирот Свети Василиј Острошки кој е сместен во карпестиот крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.

Водителката на Инстаграм сподели и видео од самото место и рече дека почувствувала убава енергија која не се опишува, и порача барем еднаш во животот вреди да се пости манастирот.

„Велат дека нема да одиш на Острог дури Св. Василиј не те повика. И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св. Василиј Острошки. Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија. А како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место се неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем. Ви посакувам здравје пријатели мои“, напиша Лила на објавата на Фејсбук.

 

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....