10.8 C
Скопје
17:17 - 20 февруари, 2026

Неда Украден отворено за мажењето во осмата деценија од животот: „Градам и секогаш сум со оние кои градат“

Пејачката Неда Украден вели дека многу ја сака слободата и работи на повеќе нивоа, од семејно до професионално, а нов брак не ѝ е приоритет.

Неда овој август ќе го прослави својот 74 роденден, а темпото на работа во овие години не е ништо помалку интензивно од кога беше многу помлада. Пејачката неодамна го претстави албумот „Samo je nebo odna nas“ кој е компилација од најпознатите и најубавите дуети што ги испеа.

Пејачката вели дека силата ја црпи од семејството и најмногу ја исполнува улогата на баба.

– Имам прекрасна ќерка. Бог ми даде навистина само едно дете, но скапоцено. Ми даде и три прекрасни внуци, две внуки и еден внук. Ако ви кажам дека тие се најдобрите ученици во класот, тогаш ме разбирате зшто се гордеам со тоа. Но, пред сè, мило ми е што тие се добро воспитани деца, што сите сме едно прекрасно семејство кое живее заедно. Мислам дека само ние сме вакви, три генерации и одлично се сложуваме и се надополнуваме, имам и прекрасен зет. Децата се веќе доволно возрасни за да знаат да ценат и почитуваат. Многу сум среќна за нив и тие се посебна димензија на мојот живот – изјави пејачката во интервју за „Ин магазин“.

Неда ја доби Јелена во брак со нејзиниот покоен сопруг Милан, кој почина во 2013 година.

– Најубавите години ги поминав со мојот покоен сопруг.Ја добивме ќерката Јелена и таа е можеби главната причина што не сакав повторно да застанам пред олтарот, иако многумина ме молеа. Не жалам што не се омажив по вторпат. Подобро е да бидам сама отколку да бидам со некој што не ми се допаѓа и кој ми создава киселина во стомакот – изјави во едно интервју Неда, а сега одговори на прашањето дали има некој посебен покрај себе.

– Фала на прашањето, убаво е и не се жалам. Секогаш ги посакувам тие пеперутки. Никогаш не се откажуваш, додека си жив, живееш и умираш за љубов, како што вели една моја песна. А бракот? Слушајте, ако чуете дека сум омажена, тоа значи дека сум без памет! Се шегувам, нема потреба, ја имам таа димензија на мојот карактер и мојата личност – многу ја сакам слободата. Жена како мене која делува на повеќе нивоа од семејно до професионално, онаа која постојано гради, секогаш е со градителите. Многу е тешко да сфати некој кој не е во таа приказна – изјави Неда за ИН Магазин.

Слични објави

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо
Се вчитува....