15:53 - 3 април, 2026

Неда Украден ги прозва колегите врсници: „Само двајца се топ“, другите едвај одат

Најзгодната и најпопуларна баба во регионот, пејачката Неда Украден, се присети на најемотивните моменти во нејзината повеќедецениска кариера во интрвју за српски Курир, а потоа истакна дека најтешко било кога дознала дека нејзините родители починале.

„Имаше многу емотивни моменти. Тешко ми беше кога почина татко ми. Беше закажано да се снима видео клипот „Само небото е над нас“. Тоа беше дует со Жељко Самарџиќ. Исто така, кога почина мајка ми. Отидов во Опатија да ја снимам песната „Како вино и гитара“ и кога пристигнав во Опатија ме известија дека мајка ми починала. И потоа брзо се вратив назад. Сепак, имаше прекрасни моменти, кои најмногу се случуваа на тие долги патувања во Канада или Австралија. Тоа е затоа што луѓето таму беа желни за нашата песна. Сега со интернетот тоа се смени – рече пејачката за српски Курир, а потоа открила и дали била заљубена.

„Тоа е голема заблуда. Жената блеска кога е задоволна и среќна, а јас имам толку многу причини да бидам среќна. Што се однесува до мажите, што би кажал Џибони, не забележав дека некој недостасува. Доволно е да ви кажам дека сум сакана, и дека секогаш сакам! Работа, љубов, творење, акција, тоа е се за мене“.

Неда признала и дека ѝ се додворуваат помлади мажи, бидејќи нејзината генерација не е во форма како што вели.

„Редовно! Па, нема белким моите врсници кои сега шетаат со патерици. Не можат да се качат по скали. Освен моите врсници кои се топ, а тоа се Брега и Чола – низ насмевка изјави Неда.

(Фото) Неда Украден позира во костим за капење, има 71 година, но изгледа како мисица

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....