7.8 C
Скопје
10:25 - 1 април, 2026

„Не знаете дали Цеца или Брена попрво би ѝ го извадила окото од завист“: Аца Лукас без влакна на јазикот за колешките од естрадата

Пејачот Аца Лукас остро ги критикуваше своите колешки Светлана Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена.

Во неодамнешното гостување во еден поткаст, пејачот Аца Лукас рече дека поискусните фолк диви ѝ завидуваат на успехот на Александра Пријовиќ.

– Оваа мала Пријовиќ направи бум. И тука нема приказна – таа „исчисти“ сè во последните години. Секој има свој период, но сега, одеднаш, се сретнаа две големи ѕвезди. Едната беше, другата уште е, Цеца и Брена, и гледам дека заедно ја прегрнуваат таа млада пејачка и ѝ даваат поддршка. А реално, не знаете која од нив попрва би ѝ го извадила окото од завист. Тоа ви го потпишувам. Не се знае која прва би ја задавила – помладата или постарата. Знам проверено: во тоа нема љубов. Тие би сакале девојката да си ја скрши ногата и да не пее две години – рече Лукас.

Во истото интервју, Лукас изјави дека ќе ги „разоткрие“ колегите од естрадата кои наводно ја кријат својата сексуална ориентација.

– Сега решив да разоткријам сè – организаторите на сè ми се важни. Ако можеа да ме нападнат и да направат моето дете да се чувствува непријатно во училиште, сега така ќе им биде и на нивните деца. Некој ќе дојде и ќе праша: „Извини тато, како ме направи кога имаш дечко?“ Со име и презиме. Ќе биде катастрофа – нека се држат за гаќите. Нема веќе зезање со оние кои со години ми работат зад грб, а овде ме бакнуваат. Ми направија минимална кавга со ќерка ми, и ќе платат за тоа со иста мера – рече Аца.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....