7.8 C
Скопје
09:17 - 11 март, 2026

(Видео) Не оваа година: одреден датум за судење на Пи Диди

Судијата Арун Субраманијан го одреди датумот за претстојното федерално судење на музичкиот магнат Шон Комбс, познат како Паф Деди или Пи Диди, под обвинение за сексуални злосторства. Судењето ќе се одржи на 5 мај 2025 година, истиот ден кога ќе се случува и големиот моден настан Мет Гала 2025 година, пренесува USA Today.

Комбс беше уапсен во хотел на Менхетен на 16 септември и се појави на суд следниот ден. Тој се соочува со обвиненија за рекет, сексуална трговија и проституција.

Тој тврди дека е невин, негирајќи ги сите обвиненија, иако бројот на тужби против него продолжува да расте.

На последното судско рочиште кое се одржа на 10 октомври присуствуваа синовите на раперот Џастин, Кристијан и Квинси, како и ќерките Шанс и Д’Лила. Со нив на суд дојде и мајката на музичарот, 84-годишната Џенис. Толпа луѓе насобрани пред судот ги пречекаа со свирежи и прашања за Комбс.

Самиот рапер беше придружуван низ споредна врата од полицајци.

Адвокатите на раперот ја обвинуваат владата за протекување на хотелско видео снимено од камерите во 2016 година на кое Комбс ја тепа својата девојка Каси Вентура. Во предлогот до Судот, правниот тим на Комбс вели дека снимката „ја свртела јавноста против музичкиот магнат“. Одбраната на раперот побара доказно сослушување за да се истражи наводното недолично однесување на владата и владините агенции вклучени во случајот, вклучително и истрагата за домашна безбедност (која доведе до рации во домовите на Комбс во март), да откријат комуникации и снимки поврзани со наводното „протекување“ на информации во медиумите.

Слични објави

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....