01:23 - 6 април, 2026

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

На почетокот на 2024 година се дозна дека кралот на Велика Британија бил опериран поради зголемена простата. Потоа беше објавено дека на кралот му бил дијагностициран рак.

Здравјето на британскиот крал Чарлс Трети постепено се влошува, принудувајќи ги службениците на Бакингемската палата редовно да ги ажурираат плановите за неговиот претстоен погреб, чии подготовки започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета Втора, на 19 септември 2022 година. За ова пишува Дејли бист.

На почетокот на 2024 година се дозна дека најстариот син на кралицата Елизабета бил опериран поради зголемена простата. Потоа беше објавено дека на кралот му бил дијагностициран рак. Сега извори велат дека ситуацијата „не е добра“.

„Секако дека е решен да го победи ракот… Сите остануваат оптимисти, но здравствена состојба навистина му е влошена“, рече пријател на кралското семејство.

Претходно, упатените рекоа дека Чарлс III „одговара многу добро“ на третманот.

Зад сцената, сепак, помошниците на монархот редовно прегледуваат копии од документ од повеќе стотина страници во кој се наведени плановите за неговиот кралски погреб, наречен Операција Менаи мост.

„Плановите се исчистени од прашина и активно се ажурираат. Ова не е ништо повеќе отколку што би очекувале, имајќи предвид дека на кралот му е дијагностициран рак“, изјави за изданието поранешен функционер на палатата.

Планот за смрт на британскиот крал е именуван по висечкиот мост што го поврзува островот Англеси со копното на Велс. А Чарлс III своевремено беше принц од Велс, носејќи ја титулата што сега му припаѓа на неговиот син Вилијам.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....