7.8 C
Скопје
10:29 - 1 април, 2026

Наташа Беквалац за Нова година во Бања Лука: „На полноќ ќе го бакнам градоначалникот за да ми тргне годината“

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, се сретна со Наташа Беквалац по повод јавниот пречек на Новата година во Бања Лука, а средбата со пејачката го привлече вниманието на сите присутни.

Имено, за време на нејзините изјави за медиумите, Наташа, кога беше прашана кого ќе бакне на полноќ за Нова Година, одговори дека тоа ќе биде Станивуковиќ.

„Ќе го бакнам градоначалникот за да ми тргне и мене годината“, се пошегувала пејачката.

Наташа Беквалац пристигна на конференцијата во бело одело, а Станивуковиќ ја чекаше со букет цвеќе. Кога се сретнаа, тој се поклони и ѝ ја бакна раката, што ја воодушеви Наташа.

За време на фотосесијата за медиумите, Наташа во еден момент реши да се пошегува и рече дека изгледаат како да се на свадба, по што сите се смееја.

„Добро се снаоѓа, има повеќе искуство од мене“, рекол Станивуковиќ додека од зад камерите можеше да се чуе „Никогаш не се знае“.

Наташа потоа одговори: „Можам да те научам“, што го насмеа уште повеќе градоначалникот на Бања Лука, кој одговори дека со големо задоволство би се согласил на тренингот.

Зборувајќи за новогодишните желби, пејачката истакна дека пронаоѓањето партнер не ѝ е на нејзината листа на приоритети оваа година, бидејќи, како што вели, има многу поважни работи.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....