5.8 C
Скопје
18:35 - 27 март, 2026

Наташа Беквалац си ја отвори душата: „Седум години сум сама, се плашам од тоа да се поврзам со некого“

По една од најинтензивните години во нејзиниот живот, Наташа Беквалац во големото интервју за „Курир“ без задршка зборува за успесите, болките, стравовите и личните победи што ја обликувале како жена и мајка.

По цели десет години, Наташа објави нов албум, кој брзо ја разбранува музичката сцена. Таа признава дека воопшто не размислувала комерцијално.

„Успеав да не калкулирам и да не мислам на крајната цел, туку навистина сите заедно да создадеме уметност – не само музика, туку и слика. Јас сум Вага, а на Вагите им е важна и сликата, не само тонот“, вели пејачката.

Голема животна промена за неа била заминувањето на ќерката Хана на студии во Шпанија. Иако разделбата тешко ѝ паднала, вели дека не сакала да ја сопре.

„Тешко ми е, но не сакав да ја кочам во остварувањето на нејзините соништа. Таа сака нејзиниот живот да биде во нејзини раце и јас тоа го почитувам“, раскажа пејачката.

Мирот го наоѓа на семејниот салаш во Ченеј, место со кое е длабоко емотивно поврзана.

„овој имот ми дава мир. Тука ги одгледав моите деца, тука се чувствуваме слободно и свои“, вели таа, додавајќи дека сака нејзините деца да имаат детство какво што денес ретко се гледа.

За мајчинството зборува искрено, без идеализации.

„Јас сум мека мајка, попустлива. Секојдневно грешам, но учам да поставувам здрави граници – затоа што недоследноста е најголемата грешка во воспитувањето“, сподели Беквалац.

Кога станува збор за љубовта, Наташа открива дека веќе седум и пол години е сама и не го крие стравот од врзување.

„Стравот ми е позната емоција и знам дека е точка на раст. Кога ќе излезеш од зоната на комфор, мора да чувствуваш страв.“

Таа јасно порачува дека не бара „подобра половина“: „Не сум половина, јас сум целина. Добро функционирам сама – финансиски сум независна од 19 години, сама ги одгледувам моите деца“.

Сепак, признава дека човечката потреба за блискост постои.

„Не ми недостига маж за да преживеам, но понекогаш помислувам колку би било убаво некој да се грижи за тебе, да те сака и да ти даде чувство на сигурност“, вели таа.

За 2026 година нема големи желби – освен една: „Сакам што повеќе мир. Не ми треба поголем стан, подобар автомобил или повеќе патувања. Сè ми е таман. Сакам околу себе луѓе на мојата фреквенција, а оние што тоа повеќе не се – да не ми бидат блиску“.

Слични објави

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо

(Видео) Најпознатата српска инфлуенсерка проба хот-дог од 100 евра – злато, кавијар и оцена 10 од 10!

Еспресо

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо
Се вчитува....