7.8 C
Скопје
23:44 - 30 март, 2026

Натали Портман официјално се разведе од сопругот по 11 години брак: „Беше тешка и болна година за Натали“

Актерката Натали Портман го финализираше разводот од кореографот Бенџамин Милепид, пренесува Пипл.

Претставник на актерката изјавил за Пипл дека актерката поднела барање за развод во јули минатата година, но дури на крајот на февруари процесот бил официјално завршен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

„Изминатата година беше многу тешка и болна за Натали, но таа излезе од неа посилна личност и сега наоѓа радост во семејството, пријателите и работата. Нејзиниот главен приоритет беше да обезбеди непречено функционирање за нејзините деца. Таа и Бен многу ги сакаат своите деца и обајцата се фокусирани на тоа да продолжат да ги воспитуваат заедно и да бидат најдобри родители што можат да бидат. Ова е најважното нешто“, вели инсајдерот.

Во јануари, Натали Портман објави дека се сели во друг дом со своите деца, непосредно по гласините за развод од Бенџамин Милепид. Тогаш упатените за Дејли Мејл ги потврдија гласините и објавија дека Натали Портман се подготвува да поднесе барање за развод од Бенџамин Милепид, и покрај неговите обиди да ја подобри врската по неговото неверство. Актерката одвои време за себе и да се опорави од болката и повредата. Таа се обидувла да го одбере најдобриот начин за да им каже на своите деца за разводот и да ги заврши сите документи.

Во 2009 година, Натали Портман го запозна францускиот кореограф Бенџамин Милепид за време на снимањето на филмот Црниот лебед. Во 2011 година, парот го доби синот Алеф Милепид-Портман. Во летото 2012 година, Натали и Бенџамин се венчаа. Во 2017 година, актерката и танчерот добија ќерка, Амалија Милепид-Портман.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....