Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“ сподели емотивна објава за својата ќерка Софи со посебен повод.
„Софиа, пет години љубов, радост и чудо. Среќен роденден, малечка“, напиша музичарот до фотографијата со својата ќерка која се роди за време на пандемијата. Инаку, Пере има четири ќерки.

Највозрасна е Михаела која неодамна дипломираше и е позната музичарка со свои авторски песни. Таа пее придружни вокали со „Нокаут“. Каја е средношколка, а најмалата ќерка на Пере се вика Ирис и има две години. Родена е во јуни во 2023 година.
Пред пет месеци, музичарот имаше повод за славење. Тогаш неговата ќерка Миа (Михаела), која ја дипломираше. Таа официјално е дипломиран аудио инженер.
Дипломираше. Не ја учев да биде тивка. Ја гледав со слушалки на глава и со срце што пулсираше во ритам. Не од ова време, не од овој шум. Денес е дипломиран аудио инженер на University of Audiovisual Arts – ESRA.
„Скопје-Париз-Њујорк. Од соништа до диплома. Таа не го слуша светот, таа го снима. Моја ќерка,
мојот најдобар звук“, напиша Пере тогаш.

