02:07 - 2 април, 2026

На тим билдинг во Швајцарија оделе боси по жар, 13 од нив завршиле во болница

Дваесет и пет лица синоќа се здобиле со изгореници откако оделе боси по врел јаглен како дел од тим билдинг во Швајцарија. Поради тежината на повредите 13 од нив биле пренесени во болница.

Инцидентот се случил откако група луѓе на полуостровот Ау јужно од градот Цирих решиле да одат боси по неколку метри долг жар. Многумина почнале да чувствуваат болка набргу потоа.

Пристигнале 10 амбулантни возила

Поради изгорениците, околу 18 часот на местото пристигнале 10 возила на Брза помош. Засега не е познато дали луѓето изгореле поради начинот на кој бил поставен жарот или едноставно на погрешен начин чекореле преку него, пишува Би-Би-Си.

Одење по врел јаглен често се изведува за време на мотивациски курсеви, на добротворни настани или за време на верски церемонии.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....