3.8 C
Скопје
03:51 - 25 март, 2026

На семејството на Селион Дион им остана само надежта: Нема лек кој делува за тешката болест со која се бори славната пејачка

Пејачката Селин Дион продолжува да се бори со синдромот на вкочанетост, а нејзината сестра Клодет сподели новости за здрaвствената состојба на пејачката.

„Таа што е можно повеќе ги слуша врвните истражувачи на полето на оваа ретка болест. Искрено мислам дека најмногу што треба е да се одмори. Таа секогаш оди понатаму, секогаш се труди да биде најдобра и врвна. Во еден момент, вашето срце и тело се обидуваат да ви кажат нешто. Важно е да се слуша“, изјави Клодет за Le Journal de Montreal, пренесува Mirror.

Клодет објасни дека нејзината сестра Линда се преселила кај Селин, која е најмладата од четиринаесетте браќа и сестри, за да и помогне додека се бори со исцрпувачката болест.

„Ние и веруваме. Тоа и е вродено, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот… Не можеме да најдеме лек кој делува, но имаме надеж, што е важно“.

Селин страда од симптоми кои вклучуваат грчеви и вкочанетост на мускулите.

Селин им ја откри својата дијагноза на обожавателите во октомври 2021 година, кога беше принудена да ја одложи својата турнеја во Лас Вегас. Таа потоа откажа дел од нејзината северноамериканска турнеја во јануари оваа година.

„Навистина се надевав дека сега ќе можам да заминам, но претпоставувам дека само треба да бидам потрпелива и да го следам режимот што го препишаа лекарите“, изјави тогаш познатата пејачка.

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....