7.8 C
Скопје
17:48 - 19 февруари, 2026

На почетокот на кариерата Пријанка Чопра ја „советувале“ да направи нови гради и да додаде волумен на задникот

Во својата автобиографија „Unfinished“, Пријанка Чопра откри за тоа со што морала да се бори додека се пробивала во светот на актерството откако на 18-годишна возраст победи на изборот за Мис на светот во Лондон во 2000 година.

Индиската убавица раскажа дека еден филмски режисер ја советувал на почетокот на нејзината кариера да „направи нови гради“ и да „ги поправи пропорциите“ – а за жал и тогашниот менаџер на Пријанка се согласил со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

– По неколку минути разговор, режисерот ми нареди да станам и да се свртам малку за него. И да, го направив тоа. Зјапаше во мене долго и напорно, проценувајќи ме, а потоа ми предложи да ги зголемам градите, да ја поправам вилицата и да додадам малку волумен на задникот… Рече дека познава одличен лекар во Лос Анџелес, кај кого може да ме испрати.

Згрозена ја напуштив неговата канцеларија. Дали беше во право? Дали навистина нема да можам да бидам успешна ако не го коригирам сопственото тело? Долго време се прашував дали воопшто сум соодветна за оваа работа, за глума, се сомневав во себе затоа што изгледам поинаку, во моите очи одеднаш станав толку мала, безначајна – напиша Пријанка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

Во едно интервју за Metro UK Чопра изјави дека со текот на времето, бројните критики за нејзиниот изглед ѝ станале „нормални“.

– Никогаш немав храброст да се заземам за себе. Ми зборуваа: ‘Не биди досадна, нова си во индустријата, не сакаш да имаш репутација на девојка што предизвикува проблеми, не сакаш да бидеш позната како една од оние со кои не е лесно’. И јас „паднав“ на тоа, иако се сметам за напредна и паметна. Со тек на времето, научив да се позиционирам поинаку, но тогаш бев преплашена – откри Пријанка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....