1.8 C
Скопје
14:04 - 20 декември, 2024

На Денот на вљубените Маја Панчева за љубовта со Дарко: Долго време одбивав да излезам со него и на крајот попуштив

Маја Гроздановска- Панчева, еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека таа и нејзиниот сопруг Дарко Панчев, ги одбележуваат двата празника, Свети Трифун и Свети Валетин.

-Се работи за два убави празника, едниот е католички, другиот наш, но ги почитуваме и двата – ни раскажа поп-пејачката која е вработена во хорот на Националната опера и балет. Маја со радост се сеќава на моментот кога за првпат го видела Дарко во медиум, тогаш доживуваќи го како познат спортист.

Интересна и возбудлива е нивната љубовна приказна, која трае повеќе од 20 години.

-Се сеќавам на тој момент, тоа беше првото негово појавување на МТВ во емисијата „Автограм“. Бев мала за да имам некое посебно мислење за него, но се сеќавам дека со моите другари собиравме сликички од него. Ни на крај памет не сум помислила дека еден ден ќе го запознаам – ни раскажа Маја за сопругот, фудбалската легенда, а се потсети и на денот кога се запознале и се вљубиле еден во друг.

Прва средба во локалот на Дарко

-Во периодот кога тц „Беверли Хилс“ беше едно од најпопуларните места за излегување, каде што беше и неговото кафуле, јас како активна со пеењето се движев во тој регион. Во неговиот локал работеше еден мој другар и другар на брат ми, каде што одевме често да го посетиме. Таму го забележав за првпат Дарко којшто беше претпознатлив на свој начин. По кратко време ме изненади и ми пријде на терасата од кафулето. Ми кажа дека ме гледал на „Макфест“ и дека бил пријатно изненаден од тој настап. Така некако почна нашето запознавање и пријателски однос, кој понатаму се разви во многу повеќе заради привлечноста која ја чувствувавме и двајцата еден кон друг.
Знаејќи го неговиот статус, долго време го одбивав да излеземе, но почнав да му верувам сѐ повеќе и на крајот попуштив. Заради моето домашно патријахално воспитување, реакцијата на моите родители не беше многу позитивна заради неговиот статус, но на крајот и тие увидоа дека се работи за нешто сериозно, и дека на крајот љубовта секогаш победува“, се сеќава Маја.

Денес, како родителите на две ќерки, тие се најслични во тоа што имаат исти гледишта за животот и исти размислувања.

-Можеби има некој работи коишто ни пречат и на двајцата, но тоа се ситници на кои не им придаваме многу значење“, вели Маја за Дарко.

На Лидија Кочовска ѝ правам друштво на некои ноќни настапи

Нивната постара ќерка Надица е студентка, а помалата Марија е средношколка.

-Но, тие двете како да се во војска, секој ден се расправаат со бомби и жал ми е што оваа генерација има толку проблеми со школството почнувајќи од пандемијата па до денес. Се надевам дека сите ќе си го најадат својот пат, само нека се живи и здрави – вели Маја за своите две убавици.

Марија во последно време се занимава и со фотомоделство како хоби.

Маја пак, е целосно ангажирана како дел од институцијата во која работи, Операта. Но, за среќа на сите оние кои ја сакаат, зачестија и нејзините настапи во поп- музиката, со нејзината колешка која исто така работи во Операта, Лидија Кочовска.

-Лидија е наш познат естраден уметник и еден прекрасен вокал. Ми беше лесно да се адаптирам на неа затоа што се знаеме и заедно работиме во МОБ. Ме повикаа заедно со Боби Јоргушески коишто веќе постојат како група, понекогаш им правам друштво на некој ноќни настапи. Се трудиме со нашата енергија да создадеме убава атмосфера, и мислам дека тоа публиката знае да го почувствува- вели Маја.

-Доста сме активни, подготвуваме претстави, а нашиот репертоар може да се види најдобро на страницата на МОБ – ни раскажа Маја за своите професионални ангажмани.

На прашањето кое многумина ги интерсира- кога ќе ѝ се врати на музиката, таа симпатично одговара:

„Ќе ви кажам во следното интервју“.

Фото: Приватна архива

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо
Се вчитува....