04:24 - 2 април, 2025

МУЛТИМЕДИЈАЛЕН КОНЦЕРТ „КОКИНО-ТВРДИНА НА СОНЦЕТО“: Три дена, 20 концерти и стотина ументици

Овој викенд, на локацијата кај мегалитската опсерваторија Кокино, ќе се одржува третото издание на мултимедијалната културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“, уникатниот фестивал кој годинава за прв пат е организиран со тридневна програма од 17 до 19 септември.

Во рамки на перформативната програма на „Кокино – Тврдина на Сонцето“ ќе се одржат повеќе од 20 настапи на реномирани уметници од македонската сцена, вклучувајќи ги и концертите на: „Љубојна“, Дина Јашари, Тони Китановски, „Фулиш грин“, Драган и Ратко Даутовски, „Перија“, Сашо Гигов Гиш, „Сетстат“, „Летечки Пекинезери“, Џенгиз Ибрахим, „Чалгија Саунд Систем“, „21 Век“, „Тока Шитет“, Јон Ајди, диџејските сетови на Горан Кан, Флудер, Чарли и уште многу други музички изведувачи.

Покрај концертите, програмата на овој специфичен настан вклучува и театарски перформанси, кино-проекции, но и едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, стрип изложба, ракотворби – сѐ од КОКИНО: Тврдина на Сонцето. Во сите сегменти на настанот, секое ќоше ќе говори за сопствената историја, за уметноста инспирирана од вековите пред и по настанувањето на Кокино, до денес. Мноштвото активности и перформанси кои сред магичниот природен амбиент во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија ќе ни ги претстават стотина различни автори од полето на литературата, уметноста и културата, во величествен тридневен спој на различните уметнички правци од македонското творештво.

Фото: Промо

Почетокот на програмата во петок, 17 септември е закажан во 16:30 часот, а ќе трае до 23:00 часот вечерта. Во сабота и недела, 18 и 19 септември, посетителите имаат вистински ретка прилика да го поминат денот на Кокино во прекрасното природно опкружување оплеменето и со програмата на Фестивалот која ќе се одвива од пладне, 12:00 часот па до зајдисонце, 19:00 часот.

Присуството на настанот е бесплатно за посетителите, но поради специфичноста на локацијата настанот ќе биде организиран со строго ограничен капацитет и регулиран пристап до локацијата со возила, поради што ќе биде организиран автобуски превоз и посебен паркинг за автомобили. Имено, за време на настанот по автопатот од месноста „Крст“ кон локацијата на Кокино ќе биде дозволен пристап само за организираниот автобуски превоз и возилата со пропусница т.е. паркинг-билет. Понатаму, од просторот за паркинг на автомобилите, па до самата локација, за посетителите ќе биде организиран бесплатен превоз со комбиња кои ќе циркулираат на секои 30 минути за време на траењето на настанот. Дневните билети за организираниот автобуски превоз (од Скопје и од Куманово) чинат 50 денари (повратен билет за едно лице), а иста цена, 50 денари чини и дневната пропусница за пристап со сопствен автомобил до организираниот паркинг-простор (паркинг-билет за едно возило). Сите овие билети се во многу ограничен капацитет и достапни во продажба онлајн на овој линк.

 

Слични објави

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо
Се вчитува....