0.8 C
Скопје
03:36 - 10 март, 2026

Му пропадна бизнисот на Душко Тошиќ: Го затвори ресторанот, пристигна нов сопственик

Душко Тошиќ во септември минатата година отвори ресторан на Нов Белград, но веќе во мај донесе одлука да се повлече од угостителството. Како што пренесуваат медиумите, поранешниот фудбалер сфатил дека овој бизнис не е за него и дека му одзема премногу време, па решил да се насочи кон други проекти.

По завршувањето на професионалната фудбалска кариера, Тошиќ најпрво се испроба во угостителството, а подоцна и како инвеститор. Одлично се снаоѓа и во менаџерските води, што му е потесна специјалност, а заедно со пријател вложува и во недвижности.

– Душко е голем хедонист и сакаше да се испроба во угостителството, но по осум месеци реши да се повлече. Тој сака да работи и да создава, често експериментира со различни проекти. Работата и децата му се главен фокус. Има пријатели со кои успешно соработува. Патувал многу и точно знае што му се исплати да работи, а што не. Се повлекува од ресторанот што го отвори со пријатели, но објектот продолжува да работи со полн капацитет – изјавил извор за медиумите.

Во меѓувреме, пристигна и официјално соопштение дека локалот добил нов сопственик, кој најави продолжување на работата со нов концепт.

– Со новиот сопственик доаѓа нова енергија и нова визија, но со задржување на традицијата на ресторанот. Врвна италијанска кујна, елегантен амбиент и пријатна музика – стои во објавата на ресторанот.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....