6.9 C
Скопје
04:12 - 1 април, 2026

„Мразам да се будам во неред“ – Дејвид Бекам проговори за својата опсесија

Дејвид Бекам ќе открие неколку досега непознати детали за неговиот живот во претстојниот документарен филм на Нетфликс, вреден 16 милиони фунти.

Меѓу другото, Бекам ќе открие се за неговата борба со опсесивно-компулсивно нарушување, кое го држи буден со часови во текот на ноќта, пишува Дејли Мејл.

47-годишниот екс фудбалер веќе кажал дека предметите мора да ги држи во пар. Сега тој откри како останува буден навечер да чисти додека неговото семејство спие.

„Кога сите ќе заспијат, јас одам низ дома и чистам. Чистам свеќи, прекинувачи за палење, ги враќам работите на свое место, внимавам се да е во ред. Мразам да се будам во неред“, откри тој.

Понатаму, Бекам објаснил дека е свесен дека неговото однесување е чудно и признал дека се скарал со сопругата Викторија бидејќи таа не ја ставила солта на предвиденото место.

Да потсетиме, минатото лето „Нетфликс“ најави снимање на документарен серијал во кој Бекам ќе открие се за неговите скромни почетоци и успехот што следел.

Документарецот ќе содржи приватни архивски снимки и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни луѓе од неговиот живот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....