24.8 C
Скопје
16:23 - 3 октомври, 2026

„Можеби и јас имам некое пореметување“ – Тања Савиќ емотивно за Мина Костиќ, па проговори за свадбата со свршеникот

Популарната пејачка Тања Савиќ пред својот настап во Белград отворено зборуваше за актуелните случувања од приватниот живот, но и за потресните вести кои деновиве ја тресат естрадата.

Иако веќе четири и пол години е во среќна врска со свршеникот Мухамед Муки Бешиќ, Тања изненади со изјавата дека двајцата „закасниле за свадба“ и истакна дека „хартијата“  воопшто не ѝ е важна. Како што нагласува таа, во нивниот однос единствено се сметаат мирот и среќата што ги чувствуваат кога се заедно.

Тања емотивно се осврна и на тешките ситуации во кои се најдоа нејзините колешки во последно време. Коментирајќи ја веста за сместувањето на Мина Костиќ во психијатриска установа, пејачката со кнедла во грлото истакна дека е многу тажна и додаде дека луѓето најчесто се повредени токму од оние кои им се најблиски.

Таа исто така покажа разбирање и за Наташа Беквалац, која неодамна призна дека била „на раб да полуди“. Савиќ ја поддржа својата колешка со признанието дека сите луѓе се во одреден момент на раб на издржливоста, но дека природата на нивната професија едноставно не дозволува публиката да ја види нивната тага.

„Од каде знаете дека јас немам некое психичко пореметување? Од каде знаете колку тага носам во себе, што ми се случило денес или вчера? Можеби и јас имам некое пореметување, од каде знаете дали сум во депресија?“, запраша пејачката, заклучувајќи дека во сопствениот внатрешен свет човекот може да си помогне единствено самиот на себе.

Покрај животните и емотивните предизвици, Тања Савиќ продолжува да ниже и деловни успеси. По емотивната средба со легендарната Лепа Лукиќ на нејзиниот концерт, Тања ја најави својата претстојна регионална турнеја, која вклучува и концерти во Сплит.

Сепак, таа истакнува дека не се оптоварува со самата организација бидејќи зад себе има тим од луѓе кои го работат тоа, додека таа максимално се посветува на релаксацијата, семејните обврски и децата.

Слични објави

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Е.А.

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.
Се вчитува....