7.8 C
Скопје
23:22 - 31 март, 2026

Моника Левински одговори на реакцијата на лириката на песната на Бијонсе; (најмалку) 40 пати е спомната во рап песни во контекст на сексуални инсинуации

Минатиот петок Бијонсе го објави својот нов албум, Renaissance. Додека проектот беше широко пофален, многу слушатели се спротивставија на употребата на зборот „спаз“ на 11та песна.

Откако се соочи со интензивни критики за навреда упатена кон лица со попреченост, претставник на пејачката во понеделникот објави дека ги отстранува стиховите, велејќи дека не биле користени „намерно на штетен начин“.

Поттикната од овој настан, Левински се јави да сугерира дека Бијонсе може да размисли и за отстранување на референца од песната „Partition“ од 2013 година.

Доколку не сте запознаени, „Partition“, која се појави на истоимениот албум на Бијонсе, алудира на многу специфичен аспект од романсата на претседателот Бил Клинтон со тогаш 21-годишниот Левински кон крајот на 1990-тите. За време на првиот стих, Бијонсе ја опишува „сексуалната средба“ меѓу Левински и Клинтон, упатувајќи на фактот дека неверството било јавно докажано, а на синиот фустан на Моника Левински останале траги од „машкоста“ на тогашниот претседател на САД.

Но, вреди да се спомене дека употребата на името на Левински во контекст на сексуални инсинуации е вообичаено во рап музиката, а Бијонсе секако не беше првата што го стори тоа.

За време на нејзиниот Тед говор во 2015 година, Левински истакна дека била именувана во речиси 40 рап песни, изведени од Ники Минаж, Еминем и Лил Вејн.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....