04:44 - 3 април, 2026

Моника Белучи снима нов филм, ќе ја видиме со Мајкл Китон и Винона Рајдер

Ворнер Брос моментално е во потрага по актерска екипа за филмот „Битлџус 2“ (Beetlejuice 2) кој се очекува да излезе на 6 септември 2024 година, а снимањето треба да почне овој месец.

Џена Ортега, ѕвездата на серијата на Нетфликс, ја предводи актерската екипа, со Мајкл Китон, кој го игра Битлџус и Винона Рајдер, која се враќа како Лидија Диц. Меѓу повратниците е и Кетрин О’Хара, а едно од новите лица е Џастин Теру.

Иако деталите се чуваат во тајност, познато е дека Моника Белучи ќе ја игра сопругата на Битлџус, а Ортега ќе ја игра ќерката на Лидија Диц, пренесува The Hollywood Reporter.

На филмот ќе работи продуцентската куќа на Бред Пит, План Б. Сценариото го напишаа Ал Гоф и Мајлс Милар, креаторите на серијата на Нетфликс.

Белучи моментално глуми заедно со Тони Колет во комедијата Mafia Mamma.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....