13:45 - 1 април, 2026

„Моето семејство е многу вознемирено“: Принцот Вилијам зборува за состојбата на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам, за време на посетата на болницата на островите Сили, зборуваше за здравствената состојбата на Кејт Мидлтон, пишува Мирор.

Идниот крал на Велика Британија рече дека неговата сопруга „се чувствува добро“.

Принцот од Велс го направи своето прво официјално патување откако го наследи Војводството Корнвол. Вилијам, локално познат како Војводата од Корнвол, пристигна на островот Света Марија со брод, кој е еден од помалите острови.

Синот на кралот Чарлс III бил пречекан на пристаништето и испратен до болницата „Света Марија“, каде што се сретнал со персоналот и дознал за плановите за големото ново проширување кое предвидува изградба на нова медицинска и социјална установа во Војводството Корнвол.

По пристигнувањето, принцот беше пречекан од Трејси Смит, која е задолжена за администрацијата на болницата.

„Го прашав како е принцезата Кејт и како се децата и реков дека се надевам дека ќе уживаат да поминуваат време овде во текот на летото. Тој рече дека навистина би сакал тоа да се случи. Принцот и принцезата од Велс повремено ги носат своите три деца на овој остров на одмор, следејќи ја традицијата во која Вилијам уживал уште како дете“, рече Смит.

Престолонаследникот беше пречекан и од група туристи кои се најдоа на пристаништето за да го видат и поздрават. Фановите на принцот од Велс го замолија да остане подолго со нив.

„Моето семејство е многу вознемирено што сум тука без нив. Децата ќе ми се налутат ако не си одам дома порано”, се насмеа Вилијам.

Астропрогноза за сабота, 11 мај: Пари за Овните, романтика за Близнаците

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....