7.8 C
Скопје
23:24 - 31 март, 2026

Мистериозниот остров во Тихиот Океан кој се појави на Гугл Мапс ги збуни научниците

Еден остров во Тихиот Океан кој можеше да се види на „Гугл мапс“ ги збуни дури и научниците кои истражувале што има таму. Останале изненадени кога не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“.

Чудниот појас копно, познат и како „Песочен остров“ (Sandy Island), долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, која на Google Earth беше некако различна од другите oкoлни острови.

Но, истражувачите не пронашле ништо друго освен морски бранови. Забележиле и дека длабочината на океанот таму е поголема од 1.400 метри и дошле до заклучокот дека е невозможно под водата да се крие нешто што би било видливо.

google maps

„Сакавме да го провериме тоа, бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на водата од 1.400 метри во таа област, што е прилично длабоко. Се наоѓа на Google Earth и на други мапи, па отидовме да провериме и – немаше остров. Ние сме навистина збунети, ова е прилично бизарно“, вели Марија Сетон од Универзитетот во Сиднеј.

Гугл конечно во 2012 година го отстрани таканаречениот. „Песочен остров“ од „Гугл мапс“.

Корисниците на Google Earth тврдат дека се сеќаваат дека забележале нешто од сателитскиот приказ на морското дно и дека биле шокирани кога го виделе мистериозниот островкој датира од времето кога британскиот истражувач Џејмс Кук го нацртал Sandy I на североисточниот брег на Австралија.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....