5.8 C
Скопје
02:09 - 1 април, 2026

Миша Гроф итно хоспитализиран, се огласи и Николина Пишек: „Ќе се молиме за неговата состојба“

Миша Гроф ја обвинува Николина Пишек за неговата влошена здравствена состојба, а таа веднаш се огласи.

Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, завршил во болница, наводно поради конфликтот што го има со Николина Пишек, вдовицата на неговиот покоен син Видоје Ристовиќ.

Имено, како што се наведува во српските медиуми, му се слошило поради стрес бидејќи не е сигурен дали ќе може да ги врати 800.000 евра кои наводно ѝ ги позајмил на Николина за изградба и реновирање на вила во Загреб.

„Виктор е болен со денови. За се ја обвинува Николина и конфликтот што го има со неа. Особено се подготвува за почетокот на судскиот процес каде, како што вели, ќе ги изнесе сите докази што ги има против неа. Тој тврди дека кецот од ракавот му е тој наводен дневник со имињата на љубовниците на неговата снаа. Не сме го виделе тој дневник, можно е и се да измислил за да ја изнервира Николина. Тој е постар човек, сиот овој стрес откако почина Видоје многу го погоди, иако не сака да покаже“ – пренесува Курир од доверлив извор.

(лево) Миша Гроф, (десно) Пишек и Видоје

Се огласи и самиот Миша Гроф:

„Во болница сум поради стресот што ми го предизвика госпоѓица Николина. Секој ден одам на терапија и инфузии. Имам многу нешта да кажам, но во моментов не сум во состојба“.

За неговата состојба проговори и хрватската водителка Николина Пишек.

„Жал ми е за неговата состојба! Јас и Уна ќе се молиме за него!“ – рече Николина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....