02:41 - 31 октомври, 2026

Мис Бугарија и капитенот на Левски го очекуваат своето второ дете — по големата трагедија, семејството сподели среќна вест

Капитенот на Левски, Георги Костадинов, попознат како Мечката, деновиве има многу причини за славење. Покрај долгоочекуваната титула за неговиот клуб, тој и неговата партнерка Радостина Костадинова објавија и прекрасни вести од приватниот живот.

Тие потврдија дека повторно ќе станат родители, надевајќи се на среќен крај по тешкиот период низ кој поминаа.

„Нашата приказна не започна лесно и без тешкотии, но, во тишина и понизност, се надеваме со срца полни со надеж дека овој пат сè ќе заврши со солзи радосници“, сподели емотивната партнерка на познатиот фудбалер.

Радостина објави и фотографија од нивниот син Жорко, кој во рацете држи снимка од ехо. Момчето носи маичка на која пишува „Голем брат“, со што на најубав начин ја потврдија приновата во

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radostina Kostadinova (@joytodorova)

Оваа убава вест доаѓа нешто повеќе од една година по трагедијата што го снајде семејството. Мис Универзум Бугарија за 2015 година ги загуби близнаците што ги очекуваше со Костадинов во поодмината бременост.

Како и нивниот прв син Жорко, кој е роден во август 2022 година, и близнаците, како и бебето кое е сега на пат, се зачнати по пат на ин витро процедура. Двојката доби огромна поддршка од јавноста и следбениците кои им посакуваат сета среќа овој пат.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....