7.8 C
Скопје
10:27 - 1 април, 2026

Мирослав Илиќ откри колку пари месечно му се потребни за нормален и пристоен живот

Пејачот Мирослав Илиќ, кој зад себе има повеќедецениска успешна музичка кариера, во една прилика проговори за своите месечни приходи и расходи и ја изненади јавноста со искрениот одговор.

Имено, тој откри колку му е потребно секој месец за да води, како што вели, „пристоен и нормален живот“.

„Не сакам да се фалам со такви работи. Отсекогаш сум ги презирал приказните за авиони, камиони, јахти и такви глупости. Секако дека ќе имате ако го сакате она што го правите и ако заработувате прилично пари. Верувам дека никој не треба да посегнува по туѓ имот“, искрено рече Мирослав Илиќ.

Сепак, тој не пропушти да открие колку пари му се потребни месечно за да живее мирно и без стрес.

„За сите овие години, секако дека работев и заработував пари. Без разлика колку ни се дава – секогаш е малку. Но, за моите потреби, околу 3.000 евра месечно ми се доволни. Таман да не размислувам за зимата. Кога плаќате за едно, за друго, купувате нешто… ви останува доволно за пристоен живот“, изјави тој за српските медиуми.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....