22.8 C
Скопје
18:00 - 19 октомври, 2026

Милијардерот Бернар Арно изгуби над 10 милијарди евра само во еден ден

Сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки LVMH, Бернар Арно за еден ден изгуби 10,39 милијарди евра, јавуваат странските медиуми.

И покрај оваа загуба  Арно и натаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра.

Разликата меѓу него и вториот најбогат човек на светот, шефот на „Тесла“ и Твитер, Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.

Арно, наведената сума пари, наводно ја изгубил вчера по значителниот пад на цените на акциите.

Берзите во САД бележат пад, а најмногу загуби бележи секторот на луксузни производи.

Акциите на компанијата „Луј Витон“ паднаа за 5,0 отсто, а на компанијата Керинг, сопственик на „Гучи“, за 2,97 отсто.

Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни стоки во САД.

Слични објави

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо
Се вчитува....