13:58 - 6 април, 2026

Миљана Кулиќ заврши во Ургентниот центар: Се жалела на силни болки во стомакот, ѝ била укажана лекарска помош

Ријалити-учесничката Миљана Кулиќ за време на викендот била изведена од ријалити-програмата Елита 9 и итно пренесена на лекарски преглед во Ургентниот центар во Белград.

Според достапните информации, Кулиќ била донесена во саботата во попладневните часови, откако се пожалила на силни болки во пределот на стомакот. Лекарите веднаш реагирале, по што била прегледана од специјалисти.

По извршените прегледи, Миљана била упатена и на гинеколошка консултација поради тегоби кои, како што навела, траеле неколку дена. Во Ургентниот центар ѝ била укажана соодветна медицинска помош, по што била пуштена на домашно лекување со препорака да се јави кај својот матичен лекар.

Потсетуваме, Миљана Кулиќ пред неколку години имаше сериозни здравствени проблеми поради дебелина, поради што направи операција за намалување на желудникот во Турција. По интервенцијата, нејзината здравствена состојба драстично се влоши и таа беше животно загрозена, по што итно беше оперирана во Клиничкиот центар во Ниш, а подоцна префрлена на понатамошно лекување во Белград.

Засега нема официјални информации дали здравствената состојба на Кулиќ ќе влијае на нејзиниот понатамошен престој во ријалити-програмата.

Слични објави

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin
Се вчитува....