9.8 C
Скопје
19:26 - 10 март, 2026

Милан Калиниќ „лом“ го направија од критики: „Момчињата како него останаа во најодвратното сеќавање на девојчињата“

Децата растат во нормални услови. Јас се сеќавам на своето петто одделение. Немаше девојче кое не го штипнав, закачкав, тоа сите го правеа – изјави познатиот српски водител Калиниќ.

Српскиот водител и глумец Милан Калиниќ (50) гостуваше на српската телевизија К1 во емисијата „Кец на единаесет“ кадешто изјави дека немало девојче кое не го штипнал кога одел во основно училиште.

– Децата растат во нормални улсови. Јас се сеќавам на своето петто одделение. Немаше девојче кое не сум го штипнал, закачнал…Тоа сите го правеа. Сега момче од 11 години, кое влегува во пубертет, кому работат хормоните, би бил обвинет за сексуално малтретирање – рече Калиниќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kalinic.milan72 (@kalinic.milan72)

Поради оваа изјава водителот и глумец доби бројни критики на социјалните мрежи и многумина сметаат дека сака да го нормализира тоа однесување.

– Мислев дека не е можно уште повеќе да го мразам овој човек – гласи еден од коментарите.

– Тој треба да знае дека таквите момчиња останаа во најодвратното сеќавање на девојчињата кои ги допирале без прашање – напиша една твитерџика.

– Јас сум помлад од дотичниот, а доста постар од неговиот син. Кога јас бев на тие години, не беше тоа нешто често. Повеќе се зборуваше во машко друштво за фантазиите отколку што се правеше. Според ова девојчињата треба да трпат секакви простатлуци затоа што на момчињата им работат хормоните – гласи еден од низата негативни коментари на социјалните мрежи.

 

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо
Се вчитува....