08:19 - 10 јануари, 2026

Мики Рурк го нокаутира Том Круз: „Цели 35 години ја игра истата улога, далеку е од Де Ниро и Ричард Харис“

На прашањето за успехот на Топ Ган: Маверик, и моќта на Том Круз, Мики Рурк извади камче од чевелот и рече дека како актер неговиот колега вреди многу малку.

И покрај успехот на „Top Gun: Maverick“ и неоспорната популарност на Том Круз, кој сигурно ќе стане уште попознат со „Mission: Impossible Dead Reckoning – Part 1“ и „MIssion Impossible Dead Reckoning – Part 2“, има некој кој не наоѓа посебна вредност во актерот и отворено го критикува. Станува збор за искрениот и донекаде груб уметник, легенда на 80-тите и 90-тите години, глумецот Мики Рурк. Сигурно не му е гајле што продолжението на Top Gun заработи 1 милијарда и 18 милиони долари ширум светот, бидејќи „парите можеби ве прават среќни, но тоа не е нужна гаранција за талент“.

Интервјуиран од Пирс Морган во тв емисија без цензура, Мики Рурк коментираше за стратосферската добивка на Топ Ган: Маверик:

„Том Круз ја игра истата улога триесет и пет години. Не го почитувам поради тоа. Не ми е гајле за пари или моќ (…) Кога ќе ги видам како работат Ал Пачино или Кристофер Вокер, или ги гледам првите филмови ма Де Ниро или Ричард Харис и Реј Винстон, сфаќам дека сакам да бидам таков актер. Тие се луѓе кои се обиделе да ги прошират своите хоризонти“, за разлика од Том Круз кој како што додаде Рурк, единствено нешто што проширувал овие години се неговите мускули.

Потоа, на прашањето: „Дали мислиш дека Круз е добар актер?, Рурк одговори: „Мислам дека е незначајно“.

Инаку, ѕвездата на филмот The Wrestler, штотуку го заврши снимањето на „The Palace“ на Роман Полански, а наскоро ќе го гледаме и во хорор-трилерот „Cursed“, во кој ќе му се придружи Линдзи Лохан.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....