18:20 - 30 јануари, 2026

(Видео) Мицкоски го мaнипулира народот, иницијативата е неуставна- пратеникот Костовски за референдумот

Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против Договорот за добрососедство со Бугарија, не ги удостоија граѓаните ниту со расправа во Собранието. Сега, пет години подоцна бараат референдум против овој договор за одговорноста да ја префрлат кај граѓаните. И тука се гледа незрелоста, неодговорноста, но и деструктивноста на Мицкоски, изјави на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Мицкоски, смета Костовски, намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Устав. Сето тоа со цел да создава тензии, да го манипулира народот, самиот свесен дека таа негова инцијатива нема да успее.

– Иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е спротивна на македонскиот Устав и националните интереси и затоа нејзиното отфрлање е очекувано. Договорот за добрососедство е меѓународен договор, а членот 118 од Уставот јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Затоа што според Уставот прекинување на правно дејство значи менување, вели Костовски.

Според него, во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, крајно неодговорно и недозволиво Мицоски сака да се потрошат осум милиони пари на граѓаните, заради негови лични внатрепартиски интереси.

– СДСМ, заедно со демократски сили, заедно со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат европската иднина и државата да ја вратат назад во темното минато на изолација и поделби, изјави Костовски.

Слични објави

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо
Се вчитува....