13:42 - 1 април, 2026

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Пејачката Тина Аморе се најде во центарот на вниманието откако се појави во јавноста во друштво на Ненад Маринковиќ Гастоз, веднаш по раскинувањето на неговата врска со реалити колешката Анџела Ѓуриќиќ.

Тина добила бројни закани од фанатите на Анџела, вклучително и со смрт, но вели дека не се плаши од интернет-заканиците:

„Никогаш не сум се плашела од ‘мајстори на тастатурата’. Ако некој јавно ме нападне, ќе го пријавам, а до тогаш можат да пишуваат зад лажни профили. Се плашев само од Бог и никој повеќе…“

Таа исто така појасни дека никогаш не се оправдувала за тоа со кого е во врска:

„Никогаш не сум ја одзела врската на друг, Гастоз е слободен, јас сум слободна, немам потреба да коментирам повеќе. Го ценам, го почитувам и го сакам како човек“.

Во меѓувреме, Тина учествувала на журка во реалити шоуто „Елита“, која ја опишала како феноменална и забавна, но додала дека не би се приклучила на самиот ријалити, бидејќи тоа не е нејзиниот стил:

„Просторот е убав и ми се допаѓа како изгледа, но јас не би можела да влезам во ријалити“.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....