03:25 - 1 август, 2026

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Принцот Хари повторно е во фокусот на јавноста поради пораки кои се најдоа меѓу доказите во судскиот процес против издавачот Associated Newspapers. Станува збор за стари пораки на Фејсбук од 2011 година кои ги разменувал со новинарката Шарлот Грифитс, неколку години пред да ја запознае Меган Маркл.

Принцот Хари тврдел дека со новинарката на Mail on Sunday, Шарлот Грифитс, не бил во особено близок однос. Но пораките презентирани пред Високиот суд оставаат впечаток дека биле поблиски отколку што војводата опишал, пишува The Telegraph.

Хари ѝ испраќал низа приватни пораки на новинарката преку Фејсбук, во кои, меѓу другото, се шегувал на сметка на нивните „филмски гушкања“. Меѓу декември 2011 и јануари 2012 година ѝ се обраќал со прекарот „шеќерче“, а пораките ги завршувал со „бакнежи“.

Сепак, Хари оваа година во јануари на суд изјавил дека Грифитс ја сретнал само еднаш, на една забава, и дека веќе следниот ден „прекинал контакт“ штом дознал дека е новинарка. Судењето, кое траеше 11 недели, вчера беше завршено со завршните излагања на адвокатите пред судијата Никлин, а неговата пресуда допрва се очекува.

Запознавање на забава

Грифитс, која денес е главна уредничка, според пишувањето на The Telegraph, го запознала војводата на забава кај заеднички пријател, а претходно во март пред Високиот суд изјавила дека се движела во истите кругови како и помладите членови на кралското семејство.

Навела дека Хари во 2011 година ја додал на Фејсбук, ѝ го испратил својот телефонски број, а дури потоа почнале да се допишуваат. Додала и дека следниот јуни заедно поминале цела ноќ на една забава, по што продолжиле да разменуваат пораки и следното утро.

Кога давал исказ, војводата тврдел дека „нема поим“ дали таа се движи во неговите друштвени кругови, инсистирал дека се сретнале само еднаш – на забава кај нивниот заеднички пријател Артур Ландон – и изјави дека, откако дознал дека е новинарка, „разговарал“ со пријателот и со тоа ја сметал работата за завршена.

Грифитс на суд изјавила дека во јуни 2012 година и таа и принцот Хари биле на куќна забава организирана од Артур Ландон, и дека тоа ѝ останало во сеќавање бидејќи им било „прилично смешно“ што војводата останал буден цела ноќ, иако веќе следното утро требало да учествува на Trooping the Colour. Според наводите, листинзите од повици покажуваат еден телефонски разговор меѓу нив во 2:50 по полноќ, како и три СМС-пораки разменети следното утро.

Да потсетиме, кралското семејство и останатите тужители, меѓу кои е и Елтон Џон, го товарат Associated Newspapers за низа наводно незаконски дејствија меѓу 1993 и 2011 година, но и по тој период, во еден од најгласните граѓански процеси во Обединетото Кралство во последните години. Судијата најави дека по Велигден ќе почне да работи на пресудата, но не прецизираше колку би можел да трае тој процес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....