15.8 C
Скопје
23:23 - 21 октомври, 2026

МЕСЕЧНА ПРОГНОЗА ЗА СЕПТЕМВРИ: Времето како колачот „топло-ладно“

„Според сегашните анализи кои ние ги направивме со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, укажуваат на тоа дека месецот септември во поглед на температурите и на врнежите треба да биде просечен. Што значи се очекуваат типични температури на воздухот за септември месец, а исто така и врнежи“, објаснува метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Според Попоски, повремено можни се нешто повеќе врнежи, особено во западните предели од државата.

„Нормално дека повремено треба да се очекува и посвежо време од вообичаеното, особено во првите денови од месецот, кога особено наутро ќе биде забележливо посвежо со ниски утрински температури кои на некои места се очекува да се спуштат и под 10 степени. Сето ова е поради продор на свежа воздушна маса од север“, вели Попоски.

Во текот на месец септември , исто така се очекуваат сè уште убави, летни и топли денови, но пеколни горештини, како што објавивме пред извесно време, повеќе нема да има.

Метео прогнозерот напоменува дека со оглед на тоа што се работи за долгорочна анализа на времето, голема е веројатноста да има промени во истата.

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....