2.8 C
Скопје
00:10 - 12 март, 2026

Мерилин Менсон обвинет за секусална злоупотреба на 16-годишно девојче: Ја силувал, па ја исфрлил од автобусот, ѝ се заканувал дека ако каже некому ќе ѝ го убие семејството

Музичарот Мерлин Менсон се соочува со тужба за сексуална злоупотреба на 16-годишно девојче, настанот наводно се случил во 1995 година во Њујорк.

Наводната жртва изјавила дека злоупотребата се случила во септември по еден од концертите на Менсон. Се се случило во автобусот во кој патувал пејачот.

Тужителката позната како Џејн До, фиктивно име за заштита на нејзиниот идентитет, раскажала што се случило тој ден кога го запознала Менсон.

„Додека бил во туристички автобус, обвинетиот Ворнер (вистинското име на Менсон) извршил различни дејствија на криминално сексуално однесување против тужителката, која во тоа време била девица, вклучително, но не ограничувајќи се на, насилно дружење и вагинална пенетрација“, се вели во тужбата, која е објавена на веб-страницата на „Инсајдер“.

Откако Менсон (54) ја силувал,  ѝ рекол „да се симне од автобусот“ пред да ѝ се закани дека ќе го убие нејзиното семејство ако некому каже за тоа што се случило, се наведува во судските документи.

Девојчето „имало болки, било исплашено, вознемирено, понижено и збунето“, а набргу по инцидентот развило зависност од дрога и алкохол, се тврди во тужбата.

Во тужбата се наведува дека Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, „во рок од неколку недели“ почнал да ѝ се јавува на младата девојка и да бара од неа „да испрати експлицитни сексуални фотографии од неа и нејзините пријателки во неговиот фан-клуб, Satan’s Bakesale“.

Менсон ѝ се заканувал по злоставувањето: „ако таа каже некому, тој ќе ја убие неа и нејзиното семејство“, се вели во тужбата.

Истата година девојчето било покането на концерт во Њу Орлеанс каде што исто така била малтретирана. Менсон продолжил да контактира со неа и четири години подоцна, во 1999 година ја однел на турнеја каде повторно ја малтретирал и ја замолил да има секс со другите членови на бендот.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....