6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на отворањето на Канскиот филмски фестивал: „Толку сум среќна што не сте уморни од моето лице“

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип вечерва ја прими почесната Златна палма на свеченото отворање на 77. Меѓународен фестивал во Кан, кој го овековечи нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, соопштија организаторите.

„Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за себе“, рече француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи ѝ ја наградата на американската актерка.

„Толку сум среќна што не сте уморни од моето лице“, рече Мерил Стрип.

Вечерва во Кан започна 77. Меѓународен филмски фестивал, кој ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма ќе се борат за наградата Златна палма.

Покрај Мерил Стрип, почесната Златна палма оваа година ќе ја добие и креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективот Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседател на жирито е Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....