7.8 C
Скопје
22:45 - 13 март, 2026

Смртни закани за Џорџа Мелони и нејзината ќерка ако ги укине субвенциите за сиромашните

Невработен маж на 26 годишна возраст кој е приведен упатил смртни закани на италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка на интернет.

Причина за заканите е незадоволството од владиниот план за укинување на субвенциите за борба против сиромаштијата, соопшти полицијата.

Против заканувачот, како што информираа медиумите во Италија е покрената истрага, претресена е неговата куќа и затворен е неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Владата на Мелони сака да ја ограничи таканаречената програма за приход на граѓаните следната година пред целосното укинување на таа регулатива во 2024 година, кога ќе биде заменета со нова програма чии детали се уште се разработуваат.

Италијанската премиерка секогаш ја критикуваше програмата, која беше воведена во 2019 година, тврдејќи дека луѓето во работоспособна возраст не треба „засекогаш да живеат од државна помош“.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....